MK AL EN
ИНСТИТУТ ПО БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА - КОЗЛЕ

Едукација


Како Наставна база на Медицинскиот Факултет во Скопје, Институтот за белодробни заболувања кај децата-Скопје обавува едукативна дејност со дипломска и постдипломска настава во рамките на Катедрата по педијатрија за студенти на Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет во Скопје, како и специјалистичка и субспецијалистичка настава за стручен назив-специјалист педијатар, специјалист по училишна медицина(еден професор и еден доцент по предметот Педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје).Во состав на оваа дејност во установата работат и 1 магистер по физиолошка биологија кој е во тек на изготвување на докторска теза, 1 педијатар-бронхоскопист со јавно одбранет труд ос областа на педијатарската бронхологија.Во тек е подготовка на два магистерски труда од областа на педијатриска пулмологија во Скопје и Белград.На постдипломски студии се 5 лекари.

  Стручни и научни активности

Здравствениот кадар од Институтот активно учествува на сите педијатриски и пулмолошки стручни манифестации во земјата и странство. Исклучително голем број стручни трудови се прифатени за постер или орална презентација пред врвни експерти од педијатриската пулмологија во Европа и САД.

Со години по ред голем број стручни трудови се испечатени во медицински часописи, Во тек на последниве 10 години се објавени 4 книги од областите со кои се занимаваат авторите на книгите

  • Туберкулоза во детската возраст , автор - проф.д-р Љубомир Јаќовски
  • Вирусни инфекции на респирторниот систем во детството , автор - проф.д-р Смилка Ќовкарова
  • Астмата и Вашето дете , автори - проф.д-р Предраг Трандафиловски и доц.д-р Гордана Баџакова
  • Хронична опструктивна белодробна болест во детството , автор - проф.д-р Марија Манева

 

Најголем број од специјалистите се членови на Европското Респираторно здружение, Европското Здружение за алергиски заболувања и астма.

Во Република Македонија – тие се членови на лекарската Комора на РМ, Сојузот на лекари на РМ, Здружението на педијатри на РМ, Македонското Респираторно Здружение, како и други Здруженија по одредени специјалистички области ( ОРЛ, микробиологија, радиологија, биохемија и др.).

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата се води особена грижа за освременување на технологијата и методите што се применуваат за подобрување на дијагностичките и терапевтски постапки.Значајно е да се укаже дека особено внимание се посветува на систематско и ориентирано професионално ангажирање во едукација и специјализација на вработените во интерес на подобрувањето на здраствената заштита која што им се дава на децата.