MK AL EN
ИНСТИТУТ ПО БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА - КОЗЛЕ

Информации


Локација

ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата-Козле, Скопје ( изграден во павилјонски систем како 10 павилјони и еден централен објект - меѓусебно поврзани) е лоциран на благите падини на планината Водно, над населбата Козле.

Институтот располага со 2.596м 2 покриена површина. Од неа, 45% се наменети за болнички простории, а остатокот за другите придружни дејности.

Опкружен е со голема дворна површина – парк со многу зеленило.

 

Капацитетmother and dauther

 

  • 146 постели за пациенти
  • 37 постели за мајки-придружнички

 

На една болничка постела, без помошните простории, припаѓаат 6,4м 2 .

 

Прием на пациенти

Секој пациент кој што прв пат доаѓа во Институтот – треба да се пријави во добро стручно подготвената амбулантска служба.

Заради примање здравствена услуга пациентот треба со себе да носи

•  здравствена книшка

•  син картон од ФЗО

•  упат од матичниот лекар

По записот во Дневникот за пациенти во амбулантската служба – пациентот ќе биде прегледан од лекар-специјалист, по потреба ќе бидат назначени дијагностички процедури кои ќе се извршат во самиот комплекс.

По добивањето на резултатите - пациентот се враќа кај лекарот во амбулантската служба и таму ќе ги добие сите неопходни препишани рецепти за обезбедување терапија, лекарски совети и во одреден случај препорака за прием во болница ( во зависност од степенот на заболувањето).

 

Прием во болница

При прием на пациентот на одреден оддел во Институтот заради болнички третман, неопходно е да се донесе болнички упат од матичниот лекар .

На одделението – пациентот го примаат медицинските сестри, го згрижуваат, му одредуваат болничка соба и постела. Лекарот на оддел го прегледува пациентот, ги прегледува резултатите од извршените испитувања и назначува одредена терапија која што е спроведена од страна на медицинските сестри. Лекарот разговара со родителите на детето, ја објаснува состојбата со неговото заболување и предвидените дијагностички и терапевтски мерки заради санирање на општата состојба на пациентот.

 

Испис од болница

По завршеното болничко лекување секој пациент добива исписна листа. Листата ја изготвува лекарот кој што го лекувал пациентот.

Според позитивните Законски прописи секој пациент кој што се лекува со син картон од ФЗО подлегнува на плаќање партиципација заради извршените дијагностички и терапевтски процедури.

Пациентите кои немаат донесено упат од матичниот лекар и син картон – се третираат како пациенти со приватно лекување и истите треба да платат полн износ во финансиски средства како што се оценети дијагностичките и терапевтските процедури.

Мајка- придружник на дете над 12-месечна возраст за престојот во болница заедно со своето дете – треба да плати 500,00 денари за секој поминат ден.

Наплатата за извршените услуги се изведува во економско-финансиската служба.

 

Консултативни амбуланти

Секој оддел во Институтот има своја консултативна амбуланта. Во неа се примаат пациенти на кои им се назначени контролни прегледи по болничко лекување.

При доаѓањето на контролен преглед – пациентот претходно треба да го закаже прегледот, со себе да донесе здравствена книшка, упат од матичен лекар и син картон. По заведувањето во Дневникот за контролни прегледи во Службата за водење на консултативните амбуланти и добивањето листа за контролен преглед кај одреден лекар пациентот може да го изврши контролниот преглед кај лекарот.

Постои распоред на денови во кои лекарите ги обавуваат контролните прегледи во Консултативните амбуланти.

По извршениот контролен преглед, ако подлежи на плаќање партиципација, пациентот треба да ги подмири трошоците за извршените испитувања и контролниот преглед.