![]() |
![]() |
![]() |
||||||||||||||||||||||||
|
Здраво дечиња!Ние сите многу сакаме да гледаме здрави, весели, насмеани дечиња
ИМАЈ ДОБРА ЗАБАВА !!
Ние ќе ви помогнеме да оздравите
Ние сме тука за вас Лекарите во бели мантили, со слушалки виснати околу вратот – тие ќе ви ги послушаат градичките, ќе ви ги видат крајниците и ќе се ангажираат да ви помогнеме тогаш кога сте навистина болни Тешко дишете Носето ви е затнато Многу кашлате Изморени сте и не можете да си играте Имате температура и ве боли главчето
Болница – па тоа не е ништо страшно
Повели влези детенце Овде ќе се запознаеш со многу новини и потоа ќе им раскажуваш на другарчињата
Знаеш ли што? Овде ќе ти помогнеме да оздравиш!
Постелата во која ќе ги минеш деновите во болница е со шарени прекривки, ѕидовите на болничките соби се украсени со детски цртежи, низ стаклото од прозорците се гледа убава зелена природа.
Кога ќе дојде тетката или чичкото да ти го боцне прстето за да ти ја испитаат болеста – немој да се плашиш. Тоа ништо не боли. Насмевни се. Се трае само неколку секунди.
Можеби ќе те одведат кај големиот апарат кој што ќе ти ги снима градите. Не се плаши. Не боли. Подоцна ќе добиеш слика.
Колку убаво ќе се чувствуваш кога ќе те одведат во салата за физикална терапија – таму тетките со апарат ќе ти направат дренажа, и полесно ќе дишеш. Кога ќе ја ставиш маската на лице за да инхалираш немој да се плашиш. Така без друга терапија ќе ти биде подобро, лекот ќе го вдишуваш.
Инфузијата не е страшна, само мало боцнување и потоа преку цевките ќе ги примаш сите лекови, со едно боцнување ќе ја добиваш целата терапија – а тоа ќе ти помогне да оздравиш.
Кога ќе се чувствуваш подобро можеш и да ни нацрташ нешто. Ние имаме големи блокови и боенки. Нацртај и обој убава слика за да ја закачиме на ѕидовите и да ни ја краси болницата.
Ако сакаш можеш и да си поиграш во нашата игротека. Таму има многу играчки, ќе се дружиш со други болни дечиња и ќе стекнеш нови другарчиња.
А кога ќе оздравиш ќе заминеш дома. Престојот во болница за тебе ќе биде една голема авантура. На сите ќе им раскажуваш за она што ти се случувало, можеби и ќе ги пофалиш тетките што те чуваа и се грижеа за тебе со голема љубов, оние што ти ја подготвуваа и носеа храната. Раскажи им на своите другарчиња. Никој не треба да се плаши ако има потреба да се лекува во болница. Престојот во болница може само да помогне побрзо да им се вратите на сите детски игри и радости.
| |||||||||||||||||||||||||
населба Козле,1000 Скопје, Република Македонија
тел.цент (02)3085-761 дир.тел./факс(02)3085764