MK AL EN
ИНСТИТУТ ПО БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА - КОЗЛЕ

Нешто интересно


Во Институтот постои цела колекција извадени туѓи тела – аспирирани во рана и подоцнежна детска возраст.

Бронхолошкиот кабинет е детално современо опремен со сите потребни инструменти. Во него работи врвно едуцирана стручна екипа.

Стресната состојба при инхалација на туѓо тело не треба да се случи ако на детето му се посветува внимание колку што е потребно и ако се знае дека ваквата интервенција – бронхоскопска експлорација е единствениот начин да се екстирпира туѓото тело од дишните патишта. Затоа родителите и поблиските роднини, како и воспитувачките во градинките мора да внимаваат во близина на малите деца сда нема несоодветни предмети. Инхалацијата на туѓо тело се случува одеднаш, неочекувано – детето почнува да кашла, се зацрвенува во лицето и го губи здивот. Веднаш треба да се обрне внимание на оваа состојба и да се побара помош. Игнорирнаите туѓи тела, оние за кои не се дал податок при честите посети кај лекарот заради одредени состојби во врска со состојбата на дишните патишта на детето – доведуваат до покомплицирани последици.

Неверојатен е збирот примероци туѓи тела кои се наоѓаат во дишните патишта по нивната инхалација – од органско и неорганско потекло.

Токму како предупредување – запознајте се со некои од нив:

  • Алка
  • Дел од гердан

 

  • Дел од пенкало

 

  • Гравче

 

  • Дел од играчка

 

  • Капаче од пенкало

 

  • Кикирика

 

  • Шнола

 

  • Сончоглед

 

  • Шпенагла