MK AL EN
ИНСТИТУТ ПО БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА - КОЗЛЕ

За нашата работа


ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје е специјализирана здравствена институција за лекување на деца со белодробни заболувања на возраст од 0 до 16 години. Децата од целата територија на Република Македонија се наши пациенти Во Институтот, во тек на една година, се лекуваат околу 3500-3700 болни деца, а амбулантски специјлистички услуги им се пружаат на околу 27000 пациенти.

Човечкиот организам е зачудувачки комплексен организам кој што извршува многу функции, свесни и несвесни. Процесот на дишење е една од неговите функции со суштинско значење за животот. Состојбите кои интерферираат со овој процес можат да бидат стресни и животно-загрозувачки.

Затнатите носиња полни со секрет кој што се исцедува, кивањето и кашлањето кои вообичаено се припишуваат на настинка настануваат и си одат во тек на детските години. Но, некои деца искусуваат и далеку потешки перзистентни и сериозни белодробни заболувања. Визингот, тешкото дишење, засегањето на белодробниот систем и алергиите може да индицираат состојби кои што побаруваат итен и агресивен третман.

Често белодробните заболувања се и животно-загрозувачки и компликувани за третирање. Ние можеме да помогнеме да се подобри квалитетот на животот на децата. Нашите лекари се специјализирани во дијагностиката и третманот на деца со белодробни заболувања и даваат здравствени услуги за широка лепеза на белодробни заболувања за инфанти, мали деца и деца од училишна возраст.

Ако состојбата на детето е комплексна и побарува консултација на поширок број субспецијалисти, тогаш Институтот е здравствена институција од избор. За малите пациенти се грижат 169 вработени ( високо стручно подготвени специјалисти- педијатриски пулмолози, како и специјалисти за педијатриска интензивна нега и неонатологија, бронхологија, оториноларингологија, педијатриска пулмолошка радиологија, ехосонографија, електрокардиографија, биохемиски и хематолошки испитувања, микробиологија/ високо стручен средно медицински кадар и други здравствени соработннци).

ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата-Козле, Скопје е потполно обврзан кон мултидисциплинарен медицински приод кон белодробните заболувања како мошне комплексни заболувања. Членовите на специјалистичкиот тим ангажирани во оваа установа систематски се консултираат со специјалисти од други сродни области.

Белодробните заболувања се едни од најчестите, ако не и најчести заболувања во детската возраст. Евидентиран е неверојатно голем пораст на алерголошките педијатриски засегања и затоа во Институтот се води особена грижа сите деца- наши пациенти, да бидат згрижени и да им се пружи соодветна дијагностика, третман и следење - да се подобри квалитетот на нивното живеење.